Унгарскиот шампион Ѓер по вторпат оваа сезона го победи Вардар, овој пат со 28-27, со гол во последната секунда од натпреварот, постигнат од Хајди Локе. Преостанаа уште 12 секунди до крајот, кога Андреа Пенезиќ доби црвен картон поради трето исклучување и изгледаше дека Вардар успешно ќе се одбрани, но Норвежанката Локе прими топка и да му пресуди на Вардар.