Една од најмладите ракометарки на женскиот ракометен првак, Вардар, Итана Грбиќ по две години минати во клубот, по крајот на оваа сезона ќе го напушти Скопје. Како што пренесуваат медиумите во Црна Гора, 19-годишната Грбиќ од лето се враќа во својот матичен клуб, Будуќност.