Бранителот на Куп-титулата, екипата на ЖРК Вардар, ќе игра во финалето во ракометниот Куп на Македонија, затоа што во првото полуфинале тимот беше подобар од екипата на Стружанка, со 27-18 (16-12). Вардарки диктираа темпо на игра уште од самиот старт на натпреварот, за голем триумф над ривалот и пласман во мечот за трофеј. Стружанка се бореше, но беше рамноправна само петнаесетина минути, а потоа, следеа грешки, но и одбрани на голманката Грујовска, кои му дозовлија на ЖРК Вардар да обезбеди солидна залиха за мирен меч. ЖРК Вардар во мечот за титула ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу домаќинот Куманово и ЖРК Металург (20:00 часот).