Екипата на Еурофарм Пелистер го одбрани домашниот терен и со голема победа над швајцарски Кадетен Шафхаузен (27-26) во рамки на осмата рунда направи голем исчекор кон освојување на најмалку втората позиција во Европската лига на ЕХФ. Дуелот на двата тима може да се нарече битка за втората позиција, затоа што сега при изедначен број на бодови пелистерци се тие кои ќе патуваат во следната рунда како второпласирани. Одличната игра во нападот и одбраната во клучните моменти го сокри лошиот финиш и им донесе успех на „зелените“, тука говориме пред се расположената бековска линија, иако двајца играчи беа надвор од протоколот за оваа средба. Следниот натпревар, претпоследен од групната фаза, за Еурофарм Пелистер ќе биде на стартот на месец март кога се гостува кај Татабања, па ќе следи домашен натпревар со АЕК Атина.