Со оглед на квалитетите со кои располагаат сите репрезентации, групата Б се очекува да биде една од највозбудливите и најнеизвесните во првата фаза од Светското првенство во Египет. Европскиот шампион Шпанија, без сомнение е главен фаворит за првата позиција, но сигурно, патот до врвот ќе биде многу тежок и стрмен, затоа што го чека дуели со Бразил, Полска и Тунис.