Коронавирусот е главна тема изминатите денови по стартот на новата година, барем кога се работи за ракометот. Во пресрет на Европското првенство вирусот направи проблеми во многу селекции, а може да биде и дополнителна пречка по стартот на турнирот
Хајне Ерст Јенсен не е повеќе селектор на машката репрезентација на Словачка. Данскиот стручњак заработи отказ многу порано од завршувањето на договорот и постоечкиот проект. Јенсен требаше да ја одведе Словачка на Европското првенство 2020 година и да се обиде да донесе мундијалска виза за Египет.
Вуко Борозан, ракометарот кој ги брани боите на Вардар, реши да се врати во репрезентацијата на Црна Гора, иако влезе во конфликт со раководството пред извесен период.