Лино Червар за последен пат на голема приредба ќе ги води „каубојите“, а од Грац ќе тргне походот по европско злато, единственото кое култниот тренер не го освоил во кариерата. Сепак, овојпат Хрватска не е меѓу главните фаворити и од втор план ќе го напаѓа местото во Стокхолм. Кога ги имате Дувњак, Карачиќ и Циндриќ во ист момент и во добра форма, тогаш нема невозможна мисија.