Ракометарите на Русија беа на прагот да приредат нова сензација на Европското првенство, но го запишаа вториот пораз во групата 2 на главната групна фаза на шампионатот. Момците на Петковиќ му покажаа „заби“ на европскиот шампион, ама на крај спортската среќа им го сврте грбот, откако Соротка промаши пенал за реми (25-26).