Кога игра на домашен терен, со полна сала и „ветер в грб“ од најдобрите ракометни навивачи во светот, Македонија се трансформира во сосема поинаков тим. Така, минатата година во Скопје паднаа Данска, Романија и Чешка, а на стартот од квалификациите за Европското првенство и Луксембург.