Ракометната репрезентација на Македонија загуби од големиот фаворит Норвешка (39-27) на отворањето на Светското првенство (СП) во Шведска и Полска, во салата „Таурон Арена“ во Краков, каде доминираше црвено-жолтата боја, но поддршката од трибините не помогна. Јасно беше и пред мечот дека Норвежаните се големи фаворити и дека нашата шанса за следната фаза се Холандија и Аргентина. Првиот натпревар мина во егал дваесетина минути, а потоа по едно исклучување на Мартин Серафимов, целата наша игра се распадна и скандинавскиот тим кој е еден од фаворитите за медал ја изгради високата разлика. Норвешка е главен фаворит во групата и со овој триумф направи голем исчекор напред кон освојување на првата позиција на табелата. Следниот натпревар Македонија го игра во недела, кога во терминот од 18:00 часот ќе игра против Холандија.