Ракометните гиганти Франција и Данска уште еднаш приредија спектал, и овој пат со среќен крај за олимпискиот шампион. Данска без неколкумина клучни ракометари во последниот меч од втората фаза на ЕП во Унгарија и Словачка имаше водство до 57 минута против големиот ривал, но во најважните моменти на сцена стапија ѕвездите на „триколорите“ и од негатива од пет гола стигнаа до победа (29-30) и пласман меѓу најдобрите четири на овој шампионат.