Ракометарите на Хрватска се спасуваа од пораз против Јапонија и одиграа реми 29-29 (14-17), на отворањето од групата Ц на Светското првенство. Изненадувачки, Јапонците го надиграа ривалот и водеа речиси во текот на целиот натпревар, а во финишот можеа и да победат. Марино Мариќ беше најефикасен играч на натпреварот со седум реализации, додека по пет имаа Агарие и Токуда.