И покрај големиот притисок и новиот бран на ширење на коронавируст, најдобрите ракометни селекции на Стариот континент одново ќе бидат заедно и во Унгарија и Словачка ќе се борат за европскиот трон. 24 селекции, поделени во шест групи, од 13 јануари ќе ја започнат ракометната битка. Домаќини на Европското првенство ќе бидат пет градови, а во Сегедин ќе се одржат натпреварите од групата Ц, која што ја сочинуваат Хрватска, Франција, Србија и Украина.