Изјавата на Веселин Вујовиќ, во која данскиот бек Матијас Гидсел го нарече „глувче“, наиде на жестоки реакции кај ракометната јавност. Особено во Данска, каде медиуми го навредуваа, вадеа делови од неговите испади во минатото, а како што кажа и самиот легендарен Црногорец, никогаш не можел да очекува дека во Данска ќе биде означен како „криминалец“.