Вардар конечно ја прекина кризата во ЛШ! Тимот на Стевче Алушовски забележа важна победа над Елверум (32-35) и дојде до полн плен вторпат оваа сезона во ракометната елита. По четири месеци, Вардар се радува во Лигата на шампионите. Ако минатиот меч се прокоцка триумф над Норвежаните, сега ситуацијата е спротивна. Вардар направи луда серија во финишот, даде пет гола во низа и освои полн плен. Ова се важни бодови за вардарци, пред разигрувањето, затоа што сега може да се избегнат Веспрем или Барселона, секако, доколку ЕХФ ги додели службено бодовите на контото на македонскиот тим од дуелите со ПСЖ и Флензбург.