Македонскиот репрезентативец Филип Талески ја одигра својата најдобра партија по промената на клубот во Бундеслигата. Во рамките на четвртото коло на шампионатот на Германија, некогашниот ракометар на Металург и првак на Германија со Рајн Некар Левен постигна шест гола во победата на Балинген против Мелсунген со 36-23 (16-12).
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и неговиот Магдебург прокнижија нови посакувани бодови во Бундеслигата и на домашен терен успеаја да слават со 39-27 над Нордхорн.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески ја запиша првата победа во новата средина во Бундеслигата. Во рамките на второто коло, новиот член на елитата, екипата на Балинген славеше против Нордхорн со 25-23 (19-13).
Екипата на Магдебург во чии редови настапува Филип Кузмановски успешно ја отвори новата сезона во Бундеслигата и на домашен терен убедливо славеше над Балинген (38-26) во чии редови трансфер направи Филип Талески.
Филип Талески по две и пол години минати во редовите на Рајн Некар Левен се реши да се раздели со поранешниот германски шампион, но не и од Бундеслигата.
Македонскиот репрезентативен бек Филип Талески на само неколку дена од стартот на Бундеслигата се реши за променa и дресот на Рајн Некар Левен го замени со оној на Балинген.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески во идната сезона ќе ги брани боите на друг клуб. Во финишот од подготовките не беше во ростарот на новиот стратег Андрeсон, не отпатува на турнирот во Франција, не играше ниту на Куп натпреварите, а од клубот тогаш нè информираа дека причините биле лични.
Екипата на Кобург, за која од минатата сезона, настапува македонскиот бек Марко Нелоски им се врати на неуспесите во втората германска лига, откако на гостувањето кај Балинген беше поразена со 27-22.
Составот на Вецлар, во чии редови настапува нашиот интернационалец Филип Миркуловски, со победа ја заврши календарската 2016 година, откако на свој терен славеше убедливо над Балинген со резултат од 25-17.
Германскиот шампион Рајн Некар Левен се пласираше во полуфиналето од Купот на Германија, откако вечерва на убедлив начин славеше во четвртфиналето на гостински терен против Балинген со резултат од 25-32.
Екипата на Вецлар, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски неочекувано беше изненадена на гостувањето кај Балинген, кој славеше тесно со 27-26.
Германскиот Балинген, каде настапува македонскиот интернационалец, Ацо Јоноски, доведе искусно име во борбата за опстанок во Бундеслигата. 37-годишниот хрватски интернационалец, Давор Доминиковиќ официјално беше претставен во новата екипа.