Moжеби гигантите не ризикуваат распад со кризата од пандемијата од ковид-19, но помалите клубови се соочуваат со многу тешки денови. Германскиот ракомет важи за еден од најстабилните и клубовите се најорганизирани. Но, сепак и покрај преземање на мерки, некои клубови ризикуваат распад. Бундеслигашот Балинген, клубот на нашиот Филип Талески се соочува со големи проблеми. Како да не се доволни проблемите со опстанокот, сега коронавирусот ризикува да го распадне клубот.