Хрватскиот вицешампион и осмопласираната екипа во СЕХА лигата сезонава, Нексе од Нашице направи големо изненадување во првите четвртфинални натпревари од ЕХФ Купот. Хрватите го декласираа бундеслигашот Фуксе Берлин со 28-20 и пред реваншот имаат големи шанси за место на Ф4 во Гепинген.
Додека Вардар минува мирна недела, ковајќи стратегија за двомечот со Кил во четвртфиналето на Лигата на шампионите, „зебрите“ од северна Германија играа тешко бундеслигашко дерби во „Шпаркасе арената“ против Фуксе Берлин. Екипата на Гисласон забележа значајна победа од 25-20, во меч во кој водството постојано беше кај домашната екипа.
Во ретко видена драма, Магдебург го совлада Фуксе Берлин во гости со 29-30 (16-17) и го обезбеди завршниот турнир на Купот на Германија во Хамбург на 5 и 6 мај. Во меч кој сигурно долго ќе се памети, јунак беше десното крило на гостите, Роберт Вебер кој постигна 14 гола од 14 обиди, вклучувајќи го и одлучувачкиот седмерец.
27-годишниот српски интернационалец, Драшко Ненадиќ стави потпис на договор со Силкеборг и ќе биде големо засилување за данскиот претставник во ЕХФ Купот. Помладиот брат на Петар Ненадиќ го напушти Фуксе Берлин и потпиша до крајот на сезоната со данскиот вицешампион.
Она што го најавивме пред неколку дена, денес се оствари. Мијајло Марсениќ, кружниот напаѓач на Вардар потпиша договор со екипата на Фуксе Берлин, каде ќе се пресели од наредното лето.
Во последниот натпревар од 14. коло на Бундеслигата, Вецлар на македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски загуби од лидерот Фуксе Берлин со 29-24 (12-13), иако одигра одличен и рамноправен натпревар. Нашиот среден бек беше еден од најпозитивните на теренот и постигна два гола од исто толку обиди.
Стипе Мандалиниќ, е најновото засилување на бундеслигшот, Фуксе Берлен, откако хрватскиот бек одлучи да си замени од ППД Загреб и да стави потпис со амбициозниот германски тим.
Борко Ристовски, најдобриот македонски голман, се закити со нова титула во кариерата, откако со Барселона го освои трофејот на Супер глоуб, неофицијалното Светско клупско првенство во ракомет кое се одржа во Доха, Катар.
Борко Ристовски и Барселона се нови светски клупски прваци, откако во финалето го совладаа актуелниот шампион Фуксе Берлин со 25-29 (12-15). Со денешната титула ракометарите на Барселона станаа прв тим кој успеал трипати да го освои неофицијалното Светско клупско ракометно првенство. Со по два трофеи останаа тимовите на Сиудад Реал и денешниот ривал на Барселона, Фуксе Берлин.
Македонскиот првак Вардар во мечот за третото место на Супер глоуб во Доха за ривал ќе го има домашниот тим Ал Сад, кој во полуфиналниот натпревар беше убедливо поразен од германски Фуксе Берлин (30-22).
Екипата на Фуксе Берлин долго време се мачеше, но на крај успеа да слави во третото четвртфинале на Супер Глоуб турнирот во Доха против Пињеирос од Бразил со 33-31 (16-14).
Ракометарите на Гепинген за првпат во својата историја се победници на ЕХФ Купот во ракомет, откако на убедлив начин го совладаа фаворизираниот Фуксе Берлин, во финалето кое го следеа 7.000 гледачи во Гепинген.
Екипата на Флензбург забележа пораз пред натпреварот во Лигата на шампионите против Вардар, затоа што во Бундеслигата го загуби дерби-дуелот против Фуксе Берлин.
Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски беше автор на два гола од пет обиди во поразот на Вецлар од Фуксе Берлин со 27-24 (15-11). Средниот бек на нашата репрезентациа имаше и две асистенции, но и тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Германскиот бунделсигаш Рајн Некар Левен како да не може да се врати во форма по шокот кој го доживеа во Лигата на шампионите кај Целје. Во дербито на колото, „лавовите“ едвај се спасија од пораз кај Фуксе Берлин, против кого одиграа 30-30 (12-16).