Ракометарите на Нант минимално славеа на домашен паркет во дуелот со Фуксе Берлин (25-24) во првиот осминафинален дуел во Европската лига на ЕХФ. Француската екипа имаше катастрофален старт на дуелот, а долго беше во резултатски дефицит. Но, на крајот успеа со сигурна игра во финишот да запише минимална предност пред реваншот во Берлин.