Ракометарките на Металург доживеаја елиминација од Европскиот куп на ЕХФ, откако вчера го загубија и вториот дуел против ПАОК (20-31). Грците пристигнаа во Скопје со убедлива предност, а покрај ракометарките и стручниот штаб, во нашата престолнина беше и навивачка група.