Македонскиот ракометен суперлигаш, Бутел Скопје, е пред најважните шеесет минути во својата клупска историја. Во рамки од последниот филтер од квалификациите за групната фаза од Европската лига, Бутел попладнево ќе се судри со Алпла Хард, ривал против кој ќе брка негатива од пет гола од првиот натпревар во Австрија.