Импресивно прво полувреме, Митревски како секогаш разбренет, Јотиќ и Остроушко во ритам и се изгледаше како по ноти. Сепак, како и претходно сезонава Еурофарм Работник е непостојан, игра со осцилации и го врати Савехоф во натпреварот. Добрата одбрана и херојскиот гол на Радовиќ за 32-31 го спасија натпреварот и ја израдуваа ракометна Битола. Ако беа во можност да спојат две добри полувремиња, битолчани сигурно сега ќе беа на врвот на групата Ц во Лигата на шампионите.