Ако за Еурофарм Пелистер во минатото беше пракса да ги губи натпреварите во второто полувреме, под водство на Жељко Бабиќ почна да се менува тоа. Битолчани се најдобри кога е најпотребно, тоа го покажаа со ГОГ Гудме и со Татабања, а на Хрватот мора да му се честита на работата затоа што ги разбуди и македонските ракометари.