Ракометарките на Ростов се радуваа на триумф од 24-25, на тешкото гостување кај Есбјерг во Данска, во дуелот од женската Лига на шампионки. Домаќинот долго парираше и се играше изедначено, ама искуството на Русинките исплива на површина на крајот.
Данско-унгарското финале на ЕХФ Купот во женска конкуренција не донесе победник во првиот натпревар за титулата. Пред реваншот во Унгарија, данскиот Есбјерг само ремизираше против Шиофик од Унгарија (21-21) и возвратниот натпревар следниот викенд ќе го даде одговорот на победникот во натпреварувањето.
Репрезентативката на Холандија, Еставана Полман, на натпреварот од данскиот шампионат помеѓу Виборг и Есјберг мораше предвреме да го заврши дуелот и да се префрли во најблиската болница во Виборг поради проблем со срцето.