Македонскиот ракометен првак ЖРК Вардар демонстрира сила и во СЦ „Јане Сандански“ ја забележа втората најубедлива победа во ЛШ. На колена пред вардарки паднаа ракометарките на Лајпциг, кои загубија со 41-24. „Тројцата мускетари“ кои ја наследија Кастратовиќ, Сергеј Самсоненко, Ацо Станковски и Едуард Кокшаров, очигледно, си ја завршиле добро работата. Ракометарките играа како по ноти, а публиката уживаже во секој нивен потег. Вакви партии да има до крај - титулата во ЛШ на Вардар му е загарантирана! Сергеј Самсоненко по мечот јавно му се заблагодари и на Давид Дејвис, асистентот на Раул Гонзалес, кој се вложил себеси да помага во последните пет дена откога Индира не е на кормилото.