Ракометарите на Рајн Некар Левен победија на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен со 27-34 (15-15), во рамките на шестото коло од Европската лига. Екипите од групата каде што игра и Еурофарм Пелистер играа два натпревари во два дена во Швајцарија поради корона-проблемите, а по вчерашното изненадувачко реми, денес „лавовите“ покажаа карактер и победија.