Шпанска Барселона одигра максимално ангажирано на домашен терен и со втората победа над бундеслигашот Флензбург (27-24) обезеди место на Ф4-турнирот и завршницата во Лигата на шампионите.
Ракометарите на Барселона се изборија за голема победа на гости кај Флензбург во првиот четвртфинален дуел и со една нога се пред ново учество на завршницата во Лигата на шампионите во Келн (29-33).
Лудовик Фабрегас направи оперативен зафат на слепото црево поради што нема да биде достапен за четвртфиналниот двомеч против Флензбург во Лигата на шампионите.
Шведскиот репрезентативец Џим Готфридсон во интервју призна дека е посакуван од три клуба. Моментално има договор со Флензбург до 2025 година, но има понуди да ја напушти Бундеслигата.
Германскиот бундеслигаш Флензбург со предност ќе патува во Унгарија на реваншот против ПИК Сегед (25-21) во рамки на осминафиналето од ракометната Лига на шампиони.
Шпанскиот ракометен гигант Барселона повторно го надигра Флензбург и со убедлива победа ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите (29-22). Каталонците во осминафиналето патуваат со девет победи од 14 натпревари, но втората позиција не им е загарантирана, затоа што вечерва ПСЖ игра со Веспрем.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски имаше фантастичен учинок во дресот на Порто, во ремито против Флензбург (26-26) во рамки на ракометната Лига на шампиони.
Пари Сен Жермен петто коло по ред е без пораз во Лигата на шампионите. Францускиот првак дома славеше против Флензбург (33-30) и се врати на третото место во Лигата на шампионите.
Данскиот репрезентативец Арон Менсинг ја продолжи соработката со Флензбург до јуни 2024 година. Оваа вест ја соопшти клубот во неделата непосредно пред почетокот на натпреварот со Магдебург.
Екипата на Флензбург впиша уште една лесна победа во Лигата на шампионите и на гости во Романија со убедливи 20-28 славеше во соочувањето со Динамо Букурешт.
Дуелот на дното на табелата во Групата Б им припадна на ракометарите на Флензбург кои на домашен терен беа подобри од Динамо Букурешт (37-30) во седмото коло од Лигата на шампионите.
Ракометарите на Флензбург дојдоа до победа во дербито со Фуксе Берлин во рамките на десеттото коло на Бундеслигата, на свој паркет со 28-23 (15-9). Досега одличниот тим од Берлин првпат оваа сезона доживеја неуспех против ривалот кој и покрај гигантскиот статус игра променливо.
Норвешкиот тим Колштад се очекува да биде новиот европски гигант, барем во годините кои следат. Малиот колектив од Скандинавија ќе прави супер-тим, во кој од 2023 година ќе настапува еден од најдобрите на светот, Сандер Сагосен.
Жарко Пешевски постигна три гола во поразот на Штутгарт кај Флензбург (30-29). Македонскиот кружен напаѓач одигра солиден натпревар, во кој неговиот тим имаше водство на полувреме. Меѓутоа фаворитот заигра подобро во продолжението и прокнижи планирани бодови.