Ракометарите на Штутгарт запишаа нова победа во Бундеслигата, откако дома беа подобри од Минден со 30-26. Македонскиот репрезентативен пивот, Жарко Пешевски беше скромен во оваа средба со еден погодок од два обиди, додека најефикасен беше Рамбо од Миннде со осум, а по шест голови имаа Зикер и Хафнер.