Филип Миркуловски оствари победа со Вецлар во последниот натпревар во играчката кариера. Популарниот Жути и соиграчите го добија Минден со 30-28 со пресврт во второто полувреме и на тој начин ја завршија оваа сезона на седмата позиција во Бундеслигата.
Македонската ракометна легенда Филип Миркуловски го одигра последниот натпревар во својата играчка кариера и заврши со „хепиенд“, откако Вецлар славеше против Минден со 30-28 (16-17). Во пресметка без резултатско значење за двете екипи, се играше резултатски егал и дуелот заврши со домашно славје.
По Кирил Лазаров, денес уште една македонска ракометна величина и официјално заминува во играчка пензија. Филип Миркуловски го игра последниот натпревар во својата богата кариера.
Екипата на Вецлар во чии редови настапува македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски нема да игра во европските купови на ЕХФ следната сезона откако на гостински терен загуби од Мелсунген (27-22).
Македонскиот среден бек Филип Миркуловски по крајот на сезоната заминува во пензија. Еден од најголемите борци во националниот тим ќе влезе во тренерските води и ќе биде асистент во тимот на бундеслигашот.
Екипата на Вецлар направи сериозен чекор кон борбата за Европа преку Бундеслигата, откако на гостински терен славеше кај давеникот Балинген (24-28) кој многу веројатно од следната сезона ќе игра во втората Бундеслига.
Екипата на Вецлар го забележа четвртиот пораз во низа во Бундеслигата, откако во рамки од 27. коло немаше сили за изненадување кај гигантот Кил и загуби со 27-24 (13-8).
Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски и неговиот Вецлар не успеаја да приредат изненадување во дуелот против Магдебург (26-29) кој е лидер во германската Бундеслига.
Томислав Кушан, поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, има трет клуб оваа сезона. Хрватскиот кружен напаѓач сезоната ја започна во битолскиот клуб, а потоа се пресели во редовите на Вецлар, но сега заминува и од Германија.
Ракометниот клуб Нексе Нашице договори големо засилување за следната сезона. Противникот на Еурофарм Пелистер во осминафиналето во Европската лига го дeфинираше потписот на десниот бек Иван Сршен, кој по две години минати во Бундеслигата повторно ќе игра во Славонија.
Еден од најнадежните српски ракометари од новата генерација, десниот бек Јовица Николиќ, се договорил за соработка со германскиот Вецлар, пишува „Balkan-handball“.
Екипата на Вецлар го приреди изненадувањето на колото во Бундеслигата и на домашен терен славеше над актуелниот првак Кил (29-27) и така скокна на петтото место на табелата.
Повремениот хрватски репрезентативец Томислав Кушан на крајот од сезоната ќе го напушти бундеслигашот Вецлар. Поранешниот пивотмен на Еурофарм Пелистер го известил клубот од Германија дека ќе ја активира откупната клаузула од договорот и ќе го напушти бундеслигашот на крајот на сезоната.
Ракометарите на Вецлар се радуваа на петто славје во Бундеслигата, откако на свој паркет го совладаа Балинген со 33-21 (17-12). Екипата во која настапува Филип Миркуловски го заборави последниот пораз и се врати на победничкиот колосек. Миркуловски на овој натпревар немаше свој удел, а беше дел од стручниот штаб.
Искусниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски одреден период ќе биде надвор од стројот на својот Вецлар, денес потврди германскиот тим на клупската веб страница.
Македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Филип Миркуловски имаа ефикасно попладне, двајцата погодуваа за своите екипи Штутгарт и Вецлар, а победата ја задржа средниот бек.
Екипата на Вецлар го претстави новото засилување кое доаѓа од Еурофарм Пелистер. Томислав Кушан ќе ја продолжи кариерата во Бундеслигата и ќе биде замена за Патрик Гемп, кој ги скина вкрстените лигаменти во коленото.