Ракометарите на Вецлар продолжуваат со одличните резултати оваа сезона и во рамки од 22. коло ја запишаа единаесеттата победа во германската Бундеслига.
Ракометарите на Штутгарт ја потврдија фаворитската улога и дома триумфираа против последнопласираниот Нордхорн со 29-24. Жарко Пешевски имаше минимална минутажа, а запиша само еден гол од првиот свој обид. Неговата екипа славеше против еден од директните ривали во борбата за опстанок и моментално е над опасната зона на табелата.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески ја запиша првата победа во новата средина во Бундеслигата. Во рамките на второто коло, новиот член на елитата, екипата на Балинген славеше против Нордхорн со 25-23 (19-13).
Австрискиот репрезентативец Роберт Вебер ја заврши децениската љубов со Магдебург и потпиша договор со новиот бундеслигаш Нордхорн. 33-годишното крило се обврза на двегодишен договор со новиот клуб и претставува големо засилување за амбициите на Нордхорн.