Ракометарите на Магдебург направија подвиг во финалето на светското клупско првенство Супер Глоб, откако славеа против големиот фаворит Барселона со 33-28 (19-16). Шпанскиот тим е најтрофеен во ова натпреварување, а и во пресрет на ова финале беше фаворит. Сепак, Германците одиграа неверојатен натпревар, одиграа одлично во клучни моменти и првпат го грабнаа трофејот.