Кил

  • Дувњак го спречи изненадувањето на Вујо и на ППД Загреб

    Во првиот меч од последното коло на групната фаза на Лигата на шампионте, германскиот шампион Кил со судни маки го совлада ППД Загреб на Веселин Вујовиќ со 31-29 (14-17).

  • Кил пресилен за Бешикташ и Прибак

    Турскиот првак Бешикташ, во чии редови настапува нашиот репрезентативец Немања Прибак доживеа нов пораз во Лигата на шампионите, овојпат од Кил со резултат 27-32. За клубот од Истанбул овој меч беше четврт во низа пеколно тешки натпревари, со оглед на тоа што силите во претходните кола ги одмери со можеби најсилните тимови во Европа, ПСЖ, Веспрем и Флензбург.

  • Кил носен од Дувњак едвај ја совлада Висла

    Ракометарите на Кил, иако имаа многу проблеми, го совладаа вицешампионот на Полска Висла Плок со 26-24 (14-14). Овој триумф за екипата на Гисласон е лек на раните по поразот во Флензбург од 10 разлика во неделата, исто така во Лигата на шампионоте,

  • Флензбург го „замрзна“ Кил на -10

    Во германското дерби од 10. коло на Лигата на шампионите, ракометарите на Флензбург славеа убедлива победа над Кил со 37-27 (17-14). По денешната победа Флензбург се израмни на врвот на табелата со ПСЖ со по 18 бода.

  • Кил го претстави Блаженко Лацковиќ

    Германскиот првак, Кил ги претстави трите зимски засилувања: Блаженко Лацковиќ, кој дојде од Вардар, кружниот напаѓач Илија Брозовиќ и естонскиот бек Денер Јанима. Сите тројца веќе тренираат ео екипата и ќе имаат можност да дебитираат против Гумерсбах.

  • Трансфер изненадување на годината: Лацковиќ од Вардар замина за Кил

    Хрватскиот ветеран Блаженко Лацковиќ по само шест месеци се враќа во Бундеслигата. 36-годишниот лев бек ќе го засили Кил, кој во Лацковиќ гледа замена за повредениот Дисингер. Имено младиот германски репрезентативец се повреди на мечот со Данска на Европското првенство и „зебрите“ останаа без еден од своите најдобри шутери.

  • Лукас Нилсон нов ракометар на Кил

    Раководството на бундеслигашкиот првак, Кил доведе ново засилување за следната сезона. Се работи за младиот репрезентативец на Шведска, Лукас Нилсон, кој моментално настапува на ЕП во Полска.

  • Кил во Брозовиќ гледа замена за Тофт Хансен

    Екипата на Кил очајно бара замена по повредата на Данецот Рене Тофт Хансен. Едно од потенцијалните засилувања е Хрватот Илија Брозовиќ, кој моментално е член на Хамбург, но поради финансиската криза челниците на тој клуб ќе ја разгледаат секоја понуда. Интересно е да се напомене дека Брозовиќ беше замената за Тофт Хансен во Хамбург, кој се пресели во тимот на Кил на почетокот на сезоната.

  • Јоновски со Бергишер поразен од Кил

    Во последниот натпревар за оваа година во германската ракометна Бундеслига, Бергишер на Ацо Јоновски загуби на домашен терен од Кил со 31-28 (15-10). По овој натпревар Ацо Јоноски заедно со останатите наши играчи во германскиот шампионат, Филип Миркуловски и Борко Ристoвски ќе се приклучат на нашата репрезентација, која се подготвува за настап во Полска.

  • Кил во супер неизвесен натпревар подобар од Веспрем

    Германскиот ракометен шампион, Кил, благодарение на одличниот Доминик Клајн, го совлада унгарски Веспрем, минимално со 25-24 (11-12). Во последниот меч за оваа година во Европа, Доминик Клајн со погодок на седум секунди пред крајот, му го нанесе вториот пораз на гостите од Веспрем. Претходно, при резултат 24-24, Ласло Наџи имаше напад за победа на Веспрем, меѓутоа не успеа да реализира, односно Ландин одбрани. 

  • Драго Вуковиќ со фер-плеј потег стана јунак на германскиот ракомет

    Иако, екипата на Вуковиќ загуби на натпреварот против Кил (24-27), Хрватот ги освои симпатиите на публиката во салата, како и, на целата германска ракометна јавност со само еден потег. Имено, при резултат 12-9 за домашните, норвешкиот ракометар, Ерленд Мамелунд, направи невнимателен старт над Вуковиќ, а судиите во моментот му досудија две минути исклучување. Но, тогаш на судијата му пријде хрватскиот репрезентативец и му објасни дека фаулот не беше за исклучување. Судијата го сослуша и отиде кај записничката маса, каде ја поништи казната за Мамелунд. 

Pages