Екипата на Барселона во свој стил ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант го демолира Мотор Запорожје (42-34) и со максимален ефект ја комплетира првата фаза.
Екипата на Барселона важеше за голем фаворит кај Целје, но се намачи за да победи (29-32) на гостувањето во Словенија во рамки на тринаесеттиот натпревар во најелитното европско ракометно натпреварување, Лигата на шампионите.
Екипата на Барселона продолжи со победите во Лигата на шампионите, откако вечерва потешко од очекуваното, со пресврт во вториот дел славеше над жилавиот Нант на Кирил Лазаров, со резултат 30-29 (14-17).
Барселона остана перфектна во Лигата на шампионите и дојде до десеттата победа во десеттиот меч. Каталонскиот великан беше подобар од Веспрем (37-30) вторпат во неколку дена и со максимален учинок го осигура лидерското место кое води во четвртфинале.
Ново големо признание за македонските интернационални судии. Имено, Европската ракометна федерација (ЕХФ) им довери култен натпревар во Лигата на шампионите на македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Екипата на Барселона продолжува со перфекнтите настапи во Лигата на шампионите, откако на дербито на колото како гостин со сигурни 34-37 славеше над големиот ривал Веспрем, во натпревар во кој на паркетот фантастичен беше нашиот репрезентативец Дејан Манасков.
По само шест месеци во новиот клуб, Сандер Сагосен го освои својот прв трофеј во Лигата на шампионите, и тоа на прекрасен начин, совладувајќи ја фаворизираната машинерија на Чави Пасквал.
Толку многу ѕвезди играа на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет, но за најкорисен ракометар на турнирот не е избран ниту Палмарсон, Сагосен, Хансен, Ремили, Ненадиќ, Дувњак, Мем, Борозан, Ландин, туку Хендрик Пекелер.
Годините на лутање за Кил завршија со доаѓањето на Филип Јиха на клупата. Како играч, тој го водеше овој тим до титулите во Келн во 2010 и 2012 година, а на самиот почеток на тренерската кариера, спротивно од сите очекувања и предвидувања, ги врати двата најважни трофеи во клупските витрини.
Германскиот бундеслигаш Кил направи изненадување и славеше над Барселона (28-33) во финалето од Лигата на шампионите, а овој момент е специјален за тренерот Филип Јиха.
Барселона важеше за голем фаворит во финалето на Лигата на шампионите, ама ќе почека за „десима“, затоа што Кил на домашно тло во Германија славеше со 28-33 (16-19) и дојде до четвртата титула во најквалитетното натпреварување во Европа.
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и по овогодинешната завршница во Лигата на шампионите го задржа врвот на листата на стрелците кога се говори за Ф4-турнирите во ракометната елита.
Екипата на Кил на потешкиот начин го елиминира Веспрем во полуфиналето на Лигата на шампионите. Германскиот тим постојано водеше, но на крај му дозволи на ривалот да се избори за продолжение, во кое му одзеде дополнителна енергија во пресрет на мечот за титула.
Со дуелот меѓу Барселона и Кил вечерва и официјално ќе биде спуштена завесата од ракометната година, а воедно и ќе се дознае освојувачот на Лигата на шампионите за сезоната 2019/20.