Во терминот од 20:45 часот четири натпревари се одиграа во рамки на квалификациите на Европската лига на ЕХФ и во сите четири фаворитите си ја завршија работата.
Ракометарите на Барселона го освоија Суперкупот на Шпанија десетти пат по ред, благодарение на победата над Адемар Леон 30-27 (13-15) во Кантабриа. Треба да се напомене дека долго време, еден тим не пружил таков отпор на тимот на Барса.
Шпанскиот ракометен шампион Барселона е во потрага по нов голман, кој треба да ја пополни празнината која што ќе ја остави Кевин Мелер, по завршувањето на оваа сезона.
Металург успеа да направи подвиг за крај. Македонскиот тим одигра реми на домашен терен со Адемар Леон (27-27) и на шпанскиот тим му за малку не му направи проблем, затоа што едвај го остави на второто место. Екипата од Автокоманда цел натпревар водеше, но во самиот финиш се доведе во незгодна ситуација и пораз претвори во реми. Адемар Леон беше на прагот на победа затоа што водеше со два гола пред влезот во последната минута, ама погодок во последна секунда на Калуѓеровиќ донесе реми за Металург.
Шпанскиот стратег Маноло Каденас беше во незавидна ситуација на гостувањето во Скопје. Неговиот Адемар Леон беше во негатива, па водеше со два гола (25-27), ама во една минута Металург двапати стрелаше и извлече реми (27-27).
Даниел Дупјачанец беше еден од подобрите поединци во составот на Металург во ремито со Адемар Леон (27-27), за крај на групната фаза во Европската лига на ЕХФ. Искусниот чувар на мрежата по дуелот им честита на соиграчите за добрата игра, а на шпанскиот тим му посака среќа во понатамошните настапи.
Металург успешно ја заврши Европската лига на ЕХФ, со реми против силниот Адемар Леон (27-27). По натпреварот, тренерот на Металург, Оливер Димитриоски, кажа дека е задоволен како тимот се „одјавил“ од оваа европска кампања.
Металург успеа да направи подвиг за крај. Македонскиот тим одигра реми на домашен терен со Адемар Леон (27-27) и на шпанскиот тим му за малку не му направи проблем, затоа што едвај го остави на второто место.
Поранешниот редовен учесник во Лигата на шампионите и првак на Македонија, Металург, е пред последните 60 минути од премиерната сезона на Европската лига, која сигурно секој член на клубот од Автокоманда сака што побрзо да ја заборави.
Македонскиот претставник во ЕХФ Европската лига, Металург утре (вторник) го игра последниот натпревар од групната фаза, а за противник го има тимот на Адемар Леон.
Шпанскиот претставник Адемар Леон ќе биде наредната пречка за Металург во Европската лига на ЕХФ, во дуелот од десеттото коло на ова натпреварување. Металурзите се последнопласирани во групата, па пред последното коло немаат амбиции ниту шанси да изненадат и да стигнат до разигрувањето.
Екипата на Металург утре (вторник) ќе ги заврши своите настапи во Европската лига, откако на свој терен ќе го пречека шпанскиот претставник Адемар Леон.
Нема веќе непобедливи во групата на Металург во Европската лига на ЕХФ. Шпански Адемар Леон на домашен терен славеше над Висла Плок (32-27) и на полскиот претставник му го нанесе првиот пораз.
Еден натпревар се одигра во групата на Металург од Европската лига, а во него Тулуз и Адемар Леон го поделија пленот (28-28) и се изедначени на табелата.
Проблемите со коронавирусот никако да стивнат во ракометниот свет. Поради честите и бројните заразени ракометари, голем дел од планираните натпревари се одложуваат, па затоа некои екипи имаат одиграно само неколку дуели оваа сезона, што секако е голем проблем и за самиот тим и за лигата каде што учествува.
Македонскиот ракометен претставник во Европската лига на ЕХФ, екипата на Металург, доживеа огромен пораз на гостувањето кај Адемар Леон (41-32) во рамки на третата рунда и ќе почека на првата победа во натпреварувањето.
Експедицијата на Металург конечно пристигна во Шпанија. По повеќе од 40 часа патување со автобус поранешниот македонски шампион, доцна синоќа пристигна во Леон, каде вечерва ќе се судри со шпанскиот прволигаш Адемар, во рамки од Европската лига.