Ракометарките на Црна Гора успешно го започнаа својот настап на Европското првенство во Франција, откако во првото коло од групата Б ја совладаа Словенија со 36-32 (11-6). Во следното коло, Црна Гора ќе игра против Русија, а Словенија со домаќинот Франција.
Репрезентацијата на Црна Гора практично го обезбеди пласманот на Европското првенство, иако има до крајот на квалификациите да се играат уште три кола. Избраничките на Пер Јохансон славеа убедливо на гостувањето кај Полска со 20-26.
Пер Јохансон, селекторот на женската црногорска ракометна репрезентација, го објави списокот на повикани ракометарки за претстојната ЕХФ недела, идниот месец.
Ракометната федерација на Црна Гора го продолжи договорот со селекторот на женската репрезентација Пер Јохансон. Швеѓанецот ја водеше Црна Гора на Мундијалот во Германија, откако непосредно пред стартот го замени Аџиќ.
Репрезентацијата на Црна Гора беше елиминирана од Франција во четвртфиналето на Светското првенство во Германија. Пред стартот на шампионатот, федерацијата го смени Аџиќ и го именуваше Пер Јохансон на клупата.
Женската ракометна репрезентација на Франција е вториот патник во полуфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Германија. Вечерва, „триколорките“ одиграа перфектен натпревар и заслужено ја поразија Црна Гора со 25-22 (12-10).
Репрезентацијата на Црна Гора одигра најдобро кога најмногу требаше и ја елиминира Србија во осминафиналето на Светското првенство во ракомет за жени во Германија. Кликовац и Радичевиќ беа поуспешни од клупските колешки Цвијиќ и Лекиќ и славеа со 29-31 (14-9).
Една од најдобрите ракометарки на нашиот шампион, Вардар, Јованка Радичевиќ, својот голгетерски инстикт го прикажува и на Светското првенство во Германија, каде со својата репрезентација, Црна Гора, обезбеди учество во елиминационата фаза.
Репрезентацијата на Црна Гора, за која настапуваат вардарките Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац, успеа да обезбеди елиминациона фаза на Светското првенство, кое се одржува во Германија.
По убедливата победа над Данска во првото коло од групата фаза на Светското ракометно првенство, ракометарките на Црна Гора покажаа дека во Германија пристигнаа да се борат за највисок пласман.
Црногорската женска ракометна репрезентација на претстојното Светско првенство во Германија ќе биде предводена од само една ракометарка на Вардар, откако во конечниот список на новиот селектор, Пер Јохансон се најде само крилото Јованка Радичевиќ.
Шведскиот стратег, Пер Јохансон, е нов селектор на женската ракометна репрезентација на Црна Гора. Ракометниот сојуз на оваа земја, денес соопшти дека некогашниот шведски селектор и бивш тренер на ЦСМ Букурешт на клупата на Црна Гора ќе го замени легендарниот, Драган Аџиќ и ќе ја води селекцијата на претстојното Светско првенство во Германија.
Драган Аџиќ, селекторот на црногорската женска ракометна репрезентација, го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета на подготовките за претстојното Светското првенство, кое во декември се игра во Германија.
Ракометарката на Вардар и на црногорската репрезентација, Јованка Радичевиќ во интервју за црногорските медиуми откри дека во младоста нејзин прв спорт бил фудбалот. Крилото на вардарки смета дека ако не била нејзината мајка, таа денес можеби ќе трчала по фудбалската топка.
Македонската женска ракометна репрезентација загуби и во вториот контролен натпревар против Црна Гора во Подгорица, вечерва со 32-20. Македонија на стартот поведе со 4-7, но домаќинот даде седум гола во серија, и подоцна во вториот дел лесно стигна до двоцифрена победа.
Селекторот на женската ракометна репрезентација на Црна Гора, Драган Аџиќ, утрово го напушти селекторското столче, откако оваа селекција забележа очајни резултати (пет порази од исто толку настапи) на ракометниот турнир во Рио.
Репрезентацијата на Црна Гора доживеа дебакл на ракометниот турнир во Рио Де Жанеиро и по четвртиот пораз во исто толку натпревари нема да играат во четвртфиналето, а и ќе останат без селектор.
Во дуелот на последните две репрезентации на табелата од групата А на турнирот во женски ракомет, репрезентацијата на Романија ја победи Црна Гора со 25-21 (11-9). Вицешампионот од ОИ во Лондон пред четири години, Црна Гора има очен старт на игрите во Рио и врза три порази од исто толку натпревари.
Во голем меч на женскиот ракометен турнир во Рио Де Жанеиро, репрезентацијата на Шпанија на селекторот Дуењас направи изненадување и ја совлада сребрената селекција од пред четири години во Лондон, во Црна Гора со 19-25 (10-14).