Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа нов пораз во ЕХФ Еврокупот, откако одново беше поразена од фаворизираната селекција на Црна Гора, овој пат со 31-30 (16-16). И покрај вториот неуспех во ова натпреварување, нашите девојки повторно оставија одличен впечаток и нивниот пристап на паркетот, како и големата борба, влева голема надеж во иднина. Селекторот Љупчо Савевски и на овој натпревар шанса им даде на најмладите во својот ростар, кои одлично се справија со притисокот и најавија дека се иднината на нашиот женски ракомет.