По пет недели базични подготовки, ракометарите на Нант го одиграа првиот контролен натпревар. Како дел од подготовките за стартот на францускиот шампионат и Лигата на шампионите, тимот на Кирил Лазаров, втора сезона со Алберто Ентрериос на клупата, го надигра Сесон Рен со 29-19 (17-7).