Во дерби натпреварот од 15. коло во Супер лигата, составот на Охрид го искористи домашниот терен и славеше над Пелистер со резултат од 28-24 (16-10). Иако „бело-сините“ имаа позитива и од шест гола, на крај си поиграа со нервите на сопствените навивачи, но Трајковски со низа одбрани во финишот обезбеди 11. сезонска победа, со која сега со 34 освоени бода охриѓани се израмнија со составот од Битола на врвот на табелата.