Екипите на Охрид и Алкалоид викендов го играат дербито од второто коло од новата сезона во Суперлигата. Вицешампионот гостува кај амбициозниот Охрид, а новиот голман на „гладијаторите“, Берин Бркиќ е оптимист во пресрет на средбата со момците на Кирил Лазаров.
Тој вели дека доколку секој ракометар го даде својот максимумот, нема да имаат проблеми против ривалот од Скопје.