Ракометарите на Металург и по четири кола во регионалната СЕХА лига, останаа без победа. Откако на домашен терен загубија од Вардар и Нексе, сега и босанскиот Извиѓач си замина од Скопје со бод, откако мечот заврши 27-27. Металург го имаше нападот за победа, но не го искористи и мораше да се задоволи само со еден бод од овој натпревар. Првата победа ќе мора да ја побара на некој друг терен во регионот.