Македонската кадетска ракометна репрезентација ѝ се одмазди на Аргентина во мечот за пласман (26-29) и заврши на 13. позиција на Светското првенство (СП) кое се игра во Скопје. Нашиот национален тим водеше во текот на целата средба и за разлика од првиот меѓусебен дуел во групата, во кој Македонија беше шокирана, дојде до рутински триумф. Сепак, овој реузлтат не е задоволителен, затоа што од оваа генерација се очекуваше повеќе. За нашиот национален тим ова беше прв настап на кадетските Мундијали. Групата се заврши со две победи над Нигерија и Бахреин и три порази од Аргентина, Данска и Јапонија. Португалија, пак, го исфрли нашиот национален тим во осминафиналето.