Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија првта зацртана цел во четвртфиналето од Купот на Македонија. Ланскиот финилист без многу проблеми и со половични сили го совлада составот на Куманово и в вечерва ќе игра финале за пласман во завршницата во најмасовното ракометно натпреварување во Македонија.
Македонскиот суперлигаш Куманово доведе уште едно странско засилување во своите редови, со кои треба да го подигне квалитетот во тимот во битката за опстанок во македонската ракометна елита.
Суперлигашот Куманово се пофали со уште едно зимско засилување. Раководството на клубот кој што е новајлија во Суперлигата, по лошите резултати во првиот дел од сезоната како да сака да каже дека битката за опстанок туку што започна, па за само неколку дена претстави уште едно сериозно засилување во своите редови.
Новиот суперлигаш и учесник во плеј-аутот за опстанок во сезоната која е во тек, МРК Куманово официјализираше второ странско засилување оваа зима. Нов член на кумановчани е Владан Кастратовиќ.
Сосема неочекувано првиот ракометен трансфер во Суперлигата го реализира плеј-оф екипата на МРК Куманово. Никола Бечејац е нов ракометар во составот на МРК Куманово, откако попладнево стави потпис на својот договор.
Екипата на Прилеп забележа нова победа во домашниот шампионат, овој пат над МРК Куманово (27-29) во рамки на последниот натпревар за 2022 година за двете екипи во машката ракометна Суперлига.
Македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961, без проблеми мина уште една пречка до остварување на целта во овој дел од сезоната во Суперлигата – без пораз да се заврши првата фаза, односно група А.
Екипата на ГРК Охрид одигра сигурно и со победа над МРК Куманово (32-17) го одбрани домашниот терен во Првата лига и така дојде до ново изедначување со Бутел Скопје на табелата во групата А во машката Суперлига.
Ракометарите на ГРК Охрид, по поразот во дербито со Алкалоид, в сабота ќе ја имаат првата можност да им се вратат на победите во Суперлигата. Во рамки од 11. коло од групата А, „гладијаторите“ како големи фаворити ќе се соочат со тимот на Куманово.
Ракометарите на Вардар Неготино ја запишаа првата победа оваа сезона во Суперлигата, добивајќи ја драмата против Куманово со 26-27 (15-9). Иако домашните долго време имаа убедлива предност, сепак не успеаја да прокнижат бодови на оваа средба со неверојатна завршница.
Ракометарите на Алкалоид ја запишаа осмата победа во деветтиот натпревар од групата А на Суперлигата. По денешниот пладневен дуел во СЦ „Јане Сандански“, избраниците на Кирил Лазаров не се ни испотија за победа од 47-16 (20-8) против новиот суперлигаш Куманово.
Ракометарите на Струга по пет рунди на Суперлигата се вратија на победите и славеа на гостувањето кај Куманово со 27-30 (13-16). Избраниците на Ферукоски речиси рутински дојдоа до триумф во салата „Перо Наков“, нанесувајќи им го петтиот пораз во низа на домашните ракометари.
Ракометарите на Прилеп ја запишаа втората сезонска победа во Суперлигата, во пресметката со новајлијата Куманово на свој паркет со 33-29 (18-12). Гостинот немаше сили за изненадување и загуби во салата на училиштето „Ристе Ристевски“.
Ракометарите на Вардар 1961 победија на гостувањето во Куманово со убедливи 18-31. Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски даде шанса на сите играчи од ротацијата, па така играше и младиот Ален Ќосевски.
Ракометарите на Вардар 1961 запишаа рутинска победа на гостувањето кај МРК Куманово од 18-31 (11-15), во рамките на шестата рунда во групата А на Суперлигата. „Црвено-црните“ останаа максимални, новајлијата во елитното друштво немаше сили за изненадување и капитулираше пред шампионот кој со половина сила дојде до бодовите.
Екипата на Бутел Скопје продолжи да игра во добра форма на домашната сцена и со победа над новајлијата МРК Куманово (31-28) ја запиша третата победа во серија, или вкупно четврта оваа сезона во групата од Суперлигата.