Македонскиот вицешампион, Алкалоид, одигра одличен контролен натпревар во претсезоната против хрватскиот вицешампион Нексе Нашице. Кирил Лазаров им даде шанса на сите ракометари, но моќта на Нексе дојде до израз и екипата засилена со Безјак, Маргуч, Штрлек, Јотиќ извојува победа од 29-21.