На крилата на ентузијазмот од добрите СЕХА-натпревари со Мешков Брест и Нексе Нашице, ракометарите на Еурофарм Пелистер убедливо ја почнаа и Суперлигата. Во последниот натпревар од првото коло, момците на Ларс Валтер го надиграа Скопје на Горан Кузманоски со 32-17 (17-6). За разлика од неделниот дуел со „громовите“ во Задар шанса доби Стоилевски, се врати Сери, а одмараа Хосни и Ѓорговски.