Во натпревар кој наликуваше на претходните одиграни сезонава на двата суперлигаши, Тиквеш пропушти шанса да слави на гостински терен, на многу сличен начин како што Еурофарм Пелистер 2 не победи во „Јасмин“ во второто коло. Момците на Андоновски имаа 24-25 и напад со човек повеќе, но не реализираа и беа казнети. Агресивната и на моменти груба игра на кавадарчани им се одби од глава и со седмерец на Стефан Талевски на седум секунди до крајот дуелот заврши со поделба на пленот (25-25).