Македонскиот голман Филип Ивановски ќе има нов предизвик во својата кариера. Откако не го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер 2, битолчанецот се реши за преселба во Скопје и во следната сезона ќе го чува голот на тимот на Бутел.
Екипата на Бутел Скопје потпиша нов двегодишен договор со талентираниот Томче Стојановски. Тој го носи дресот на клубот пет години и ќе ги брани боите до 2024 година.
Тренерот со кој Бутел Скопје стигна до најголемиот клупски успех во Суперлигата, Кристијан Грчевски, ќе остане на кормилото на македонскиот суперлигаш и во наредната сезона, откако денес беше официјализиран новиот договор.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија во последниот натпревар од Суперлигата на Македонија, против скопски Бутел Скопје со 30-22 (12-14). Почетокот на пресметката во салата „Боро Чурлевски“ доцнеше бидејќи гостинот поради лошото време не пристигна навреме во Битола.
По четири сезони минати во Бутел Скопје и дваесетина години активно играње ракомет, 36-годишниот кружен напаѓач Бојан Спасовски реши да ја заврши кариерата.
Македонскиот првак Вардар 1961 го мина гостувањето кај Бутел Скопје и со убедлива победа (22-32) дојде на една победа од титулата во ракометната Суперлига. Со победа против Тиквеш во главниот град следниот викенд, Вардар 1961 ќе ја прослави петнаесеттата титула.
Во дуел кој во многу нешта наликуваше на првото полуфинале, Еурофарм Пелистер по четврти пат оваа сезона го совлада Бутел Скопје и избори финале на Купот. Победата од 25-21 покажува колку цврста беше битолската одбрана, но посебно импресивни беа првите триесет минути. Божиќ Павлетиќ и Мандалиниќ се разиграа и најавија дека пелистерци добро се подготвиле за уште еден дуел со Вардар 1961. Неделното финале треба да биде убава „јаготка на врвот на тортата“ за оваа натпреварувачка сезона.
Марко Митев имаше одличен натпревар за Бутел Скопје, но не успеа да го круниса со победа. Еурофарм Пелистер дојде до триумф над бутелчани (21-25) и се пласира во финалето. Македонскиот репрезентативец му честита на ривалот, а од неговиот тим е задоволен.
Екипата на Бутел Скопје одново немаше сили за надигрување со Еурофарм Пелистер и втора година по ред од истиот ривал е елиминиран во полуфиналето од Купот на Македонија.
Еурофарм Пелистер втора година по ред ќе игра во финалето на Купот на Македонија, откако во второто полуфинале во Кавадарци на рутински начин го совлада Бутел Скопје, со резулат
Битолски Еурофарм Пелистер лесно ја скокна првата пречка во Купот на Македонија. На Ф4-турнирот во Кавадарци „зелените“ славеа над Бутел Скопје (21-26) и во финалниот натпревар одат против вечниот ривал Вардар 1961 кој е бранител на тронот.
Четирите најдобри екипи од Македонија се подготвени да се судрат во Купот на Македонија. Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 се дел од завршницата и ќе се борат за првата домашна титула.