Екипата на Голден Арт забележа нова важна победа во разигрувањето за опстанок во Суперлигата. Во малото скопско дерби, избраниците на новиот стратег Владимир Глигоров со минимални 27-29 го совладаа Скопје, во натпревар со голема резултатска неизвесност и блесок на домашниот ракометар Леонид Киселовски.
Екипата на Голден Арт забележа победа во плеј-аутот против Радовиш (36-23) и направи огромен чекор напред во битката за опстанок во однос на ривалите во Суперлигата.
Екипата на Пролет ги продолжува своите настапи во ракометниот Куп на Македонија, откако во вечерашната градска пресметка со Голден Арт извојува тешка победа од 26-25 (12-15).
Во рамките на четвртото коло на плеј-аут сегментот во Суперлигата на Македонија, попладнево се одиграа четири средби. Куманово остана максимален, победи запишаа Голден Арт и Прилеп, а еден натпревар заврши нерешено.
Поранешниот селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија и на репрезентациите на Саудиска Арабија, Сирија и Либан, како и тренер на повеќе суперлигашки екипи во државата, Владимир Глигоров, е нов тренер на ракометниот клуб Голден Арт.
Ракометниот клуб Голден Арт ја информира македонската спортска јавност дека спогодбено ја прекина соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Никола Матлиески.
Екипите на Вардар Неготино и МРК Куманово се израдуваа на победи на стартот на плеј-аутот во машката ракометна Суперлига, односно зоната во која ќе се разигрува за опстанок во елитното друштво.
Екипата на Пролет забележа нова победа во подготвителниот период, откако по триумфот над Јуниор КВ од 30-27, денес славеше над скопскиот ривал Голден Арт со резултат 35-31.
Македонскиот суперлигаш Голден Арт ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната. Повратникот во елитата ќе се натпреварува во плеј-аутот, со амбиции за опстанок во Суперлигата и учество во истата и во следната натпреварувачка сезона.
Екипата на Тиквеш славеше на гостувањето кај Голден Арт (24-27) и освои важни бодови на домашната сцена со кои го презеде третото место на кое се наоѓаше Еурофарм Пелистер 2 (има меч помалку).
Ракометарите на Голден Арт го запиша шестиот триумф во групата Б во Суперлигата, на гостувањето во малото скопско дерби против Јуниор Кисела Вода со 20-28 (7-15). Средбата од 13. коло мина во знакот фаворитот од Аеродром кој убедливо славеше.
Ракометарите на Голден Арт славеа во пресметката од 12. коло на Суперлигата против Радовиш со 29-25 (14-15). Натпреварот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ мина во знакот на изедначеното надигрување. Долго време гостинот во главниот град имаше егал и беше рамноправен, меѓутоа во финишот попушти и го доживеа деветтиот сезонски пораз.
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 имаше сигурен настап пред својата публика и во многу важен момент стави крај на лошата серија повторно славеше во Суперлигата. Во Битола падна Голден Арт, директениот конкурент за плеј-оф, во натпревар во кој младите пелистерци имаа контрола речиси во сите шеесет минути (25-21). Андре Буторац го имаше својот најдобар натпревар сезонава, а одличен во таборот на битолчани беше и Стефан Талевски со шест погодоци. Во редовите на Голден Арт се истакна Мице Шилегов со шест погодоци.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во вистински момент им ставија крај на поразите во Суперлигата и по одлична партија пред својата публика го совладаа директниот ривал за пласман во плеј-офот, Голден Арт со 25-21 (13-10).
Екипата на Голден Арт ја оправда фаворитската улога и славеше на гости кај Скопје (20-29) во рамките од десеттото коло на групата Б на ракометната Суперлига.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа осмата победа во шампионатот, откако во вториот натпревар од деветтото коло во Скопје го надигра Голден Арт со 18-31 (7-12). Иако играа без Кизиќ, Велковски и Хосни битолчани сепак беа пресилни за новиот суперлигаш.
Една недела по одличното издание против Еурофарм Пелистер, ракометарите на Пролет одиграа авторитетен дуел и го совладаа Голден Арт со 27-21 (13-11), во рамките од осмото коло на групата Б на Суперлигата. Клучен беше почетниот дле од двете полувремиња, во кои домаќинот го скрши отпорот на новиот суперлигаш.
Екипата на Тиквеш одигра сигурно и го одбрани домашниот терен во натпреварот против Голден Арт (28-21) и со триумфот се врати во победнички колосек во рамки на Групата Б во Суперлигата.
Викендов суперлигашите се враќаат на сцена. На програмата е седмото коло, во кое екипите на Тиквеш и Голден Арт ќе го одиграа еден од најважните натпревари во битка за приклучок кон местата кои што водат во плеј-офот.