Стружани се традиционално незгоден ривал за битолските клубови, па по ремито во есенскиот дел на шампионатот, момците на Наум Танески и денес го испотија фаворизираниот Еурофарм Пелистер 2. Дури кон средината на вториот дел подолгата клупа на екипата на Јовиќ дојде до израз и бодовите останаа во Битола. Финалните 32-26 дури и се преголема казна за „црвените“ од Струга, кои оставија добар впечаток во „Боро Чурлевски“.