Екипата на Пролет ја оправда фаворитската улога и славеше над Јуниор Кисела Вода (34-19) во меч кој беше последен за тимот од Скопје во рамки на регуларниот дел од ракометната Суперлига. Избраниците на Матлиевски им дозволија на противничките ракометари предводени од стратегот Магдинчев да се надигруваат само десетина минути, кога резултатот гласеше 5-4, а потоа домаќинот ги зеде работите во свои раце, под контрола. Пролет регуларниот дел го заврши на втората позиција со осум победи и четири порази, веднаш зад Охрид. Јуниор КВ, пак има уште еден меч до крајот, а има две победи, едно реми и осум порази.