Ако почетокот е најава на сезоната, ќе биде многу драматично. Новата Суперлига понуди мечеви кои се одлучуваат во последната секунда, последниот напад, последната одбрана. Борец можеше да победи среде Скопје против Пролет, но домаќините спасија бод во самиот финиш. Ремито, 28-28 ги задоволи малку присутните, а Илиев и Андоновски блескаа во двете екипи. Можеби не беше високо квалитетно, но докрај беше драматично - и целосно македонски производ на теренот.